Лига на шампиони

Шок на Олд Трафорд, Севиља го елиминираше Манчестер јунајтед! (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед доживеа елиминација во осминафиналето од Лигата на шампионите откако на свој терен загуби од Севиља со 2-1, Бен Једер беше херојот на шпанскиот тим.

Жозе Мурињо доживеа неочекувано рана елиминација од Лигата на шампионите, Севиља сосема заслужено дојде до триумф над Олд Трафорд и направи големо изненадување.
 
Натпреварот во Севиља заврши 0-0, Манчестер јунајтед мораше да победи на реваншот но „Црвените ѓаволи“ играа внимателно, без ризик и не создаваа доволно можности за гол. Наместо да нападнат силно и да покажат дека се поквалитетен тим, тие калкулираа а тоа на крајот им се удри од глава.
 
Клучен момент беше влегувањето во игра на Бен Једер во 72. минута. Две минути подоцна напаѓачот на Севиља со одличен потег се ослободи од Баи и погоди за водство од 1-0. Веќе во 78. минута беше 2-0 за Севиља со уште еден гол на Бен Једер.
 
По вториот гол стана јасно дека Манчестер јунајтед само чудо го спасува од елиминација, а тоа чудо не се случи.
 
Во 82. минута Лукаку успеа да го намали резултатот на 2-1, но тоа беше се што направи Манчестер јунајтед.
 
Севиља сосема заслужено се пласира меѓу осумте најдобри, големо разочарување за Манчестер јунајтед.
 
За разлика од Манчестер јунајтед, Рома ја искористи предноста на домашен терен, го победи Шахтар со 1-0 благодарение на гол на Џеко во 52. минута.
 
Конечниот резултат е 2-2, но римјаните поради гол во гости одат понатаму.
 

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе