Лига Европа

Шкупи задоцни со кам-бекот, Пјуник славеше во Скопје и се пласираше во 2. коло

Шкупи го заврши настапот во Лига Европа окако вечерва на домашен терен загуби од Пјуник, гостите си заминаа од Скопје со триумф од 1-2 и пласман во 2. коло од Лига Европа.

И третиот преставник на Македонија во Лига Европа се сопна уште во првото коло. Шкупи имаше најголеми шанси за прогрес во втората рунда од квалификациите откако минатата недела се избори за реми од 3-3 на гостувањето во Ерменија.

Сепак, избраниците на Умит Каран вечерва капитулираа на домашен терен и загубија со 1-2. Пјуник рано дојде во водство, Једигарјан испрати проектил од 30 метри и ја затресе мрежата на чаирчани.

По половина час игра следуваше нов гол за гостите, Миранјан ја дуплираше предноста и го стави Шкупи пред тешка мисија во продолжението од мечот.

Домаќините сепак успеаја да ја дигнат публиката на нозе, Јурина реализираше за 1-2 во 82. минута и ја врати надежта. Сепак, само 120 секунди подоцна Сержињо заработи црвен, па Шкупи со играч помалку во завршницата не успеа да направи кам-бек и се прости од настапот во Европа.

Фото: ФК Пјуник

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе