ПМФЛ

Шкупи во финишот го казни Вардар за големото промашување на Цветановски и се спаси од пораз (ВИДЕО)

Вардар беше на чекор до победа против Шкупи, но на пет минути пред крајот Цветановски промаши празен гол, ја погоди пречката, а брзо потоа Дарбо Дембо даде гол и не дозволи тимот од Чаир да биде поразен. 

Фото: ФК Шкупи
Шкупи беше домаќин на Вардар на теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Мечот беше рамноправен, можеби ремито е и најреален резултат, но црвено-црните ќе жалат што не ги освоија трите бода.
 
Најголемите возбудувања се случуваа во финишот. Во 75. минута капитенот на Вардар, Дарко Мицевски беше фаулиран за пенал од голманот на Шкупи, тој и ја изведе најстрогата казна и донесе водство од 1-0.
 
На пет минути до крајот, Мирчевски ја погоди стативата од голот на Шкупи, топката дојде до Цветановски, голот беше празен, но тој наместо во мрежата биеше во пречката.
 
 
Казната стигна во 89. минута кога најдобриот стрелец на Шкупи, Дарбо Дембо постигна гол за конечни 1-1.
 
 
Шкендија со голови на Бејтулаи во првото и Ибраими во второто полувреме ја победи Беласица и се зацврсти на првото место на табелата.
 
Македонија Ѓорче Петров со 2-1 го победи Пелистер. Калид ги реализираше двата гола за домаќинот, Илиевски погоди за битолчани.
 
Со истиот резултат Академија Пандев беше подобар од Борец кој имаше водство преку Ристовски во првото полувреме. Но со два гола на Радески во финишот од мечот, струмичкиот тим дојде до важни бодови во борбата за опстанок.
 
Работнички со 3-1 ја победи Ренова, Ѓорѓевиќ, Шаркоски и Станковски беа стрелци за романтичарите, Шефити во финишот постигна почесен гол за Ренова.
 
Немаше голови на мечот меѓу Силекс и Струга Трим Лум кој се играше на воден терен со исклучително тешки услови за игра.
 
Резултати, 16. коло:
 
Шкупи - Вардар 1-1
Шкендија - Беласица 2-0
Македонија ЃП - Пелистер 2-1
Академија Пандев - Борец 2-1
Работнички - Ренова 3-1
Силекс - Струга ТЛ 0-0
 
Табела
 
1. Шкендија 36
2. Шкупи 32
3. Македонија ЃП 32
4. Борец 22
5. Силекс 22
6. Струга ТЛ 22
7. Работнички 21
8. Вардар 21
9. Ренова 15
10. Академија Пандев 14
11. Пелистер 12
12. Беласица 9

Легенда под Главна слика

Фото: ФК Шкупи

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе