ПМФЛ

Шкупи со девет играчи ја победи Академија Пандев во Струмица

Шкупи натпреварот против Академија Пандев го заврши со двајца играчи помалку, но и покрај тоа во Скопје се враќаат со трите бода откако победија со 1-0, Шкендија одигра без голови со Брегалница. 

Актуелниот шампион Шкупи победи во дербито на колото со Академија Пандев со минимални 1-0.
 
Единствениот гол на мечот го постигна Диене во 53. минута кога Шкупи веќе имаше играч помалку. Во финишот од натпреварот добија уште еден црвен картон, но резултатот не се промени.
 
Победа со убедливи 3-0 славеше на гостувањето кај Силекс. Головите ги постигнаа Стомнароски во финишот од првиот дел и Петејчук и Паноски во судиското продолжение од мечот.
 
Немаше голови на дуелите Шкендија - Брегалница и Скопје Работнички. 
 
Синоќа Тиквеш со убедливи 4-0 ја совлада Македонија Ѓорче Петров.
 
Ова коло Струга Трим Лум беше слободна.
 
Резултати:
 
Академија Пандев - Шкупи 0:1
Силекс - Победа 0:3
Шкендија - Брегалница 0:0
Скопје - Работнички 0:0
Тиквеш - Македонија ЃП 4:0
Струга ТЛ - слободна
 
Табела:
 
1. Струга ТЛ 25 (9)
2. Шкендија 16 (9)
3. Тиквеш 16 (10)
4. Шкупи 15 (9)
5. Силекс 15 (9)
6. Брегалница 12 (9)
7. Работнички 11 (9)
8. Македонија ЃП 9 (9)
9. Академија Пандев 7 (9)
10. Победа 7 (9)
11. Скопје 5 (9)

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе