ФК Шкупи

Шкупи се поднови со фудбалер од Костарика

Шкупи кој ќе игра квалификации во Лига Европа, се пофали со нов играч од средниот ред, Фреди Алварез од Костарика. 

За прв пат во македонското првенство ќе игра фудбалер од Костарика откако Шкупи потпиша со напаѓачот Фреди Алварез.
 
Се работи за 25-годишен играч кој играл за младинските селекции на својата земја. Тој стави потпис на едногодишен договор со Шкупи.
 
Алварез играше во првенството на Костарика за тимот на АДР Жикарал. Тој бил еден од најдобрите во шампионатот, на 21 натпревар постигнал осум гола и имал пет асистенции.
 
Многу сум среќен што доаѓам во овој клуб за кој ми кажаа дека има традиција и историја и освоил многу трофеи. Моите лични и тимски очекувања тука се многу високи, се надевам дека брзо ќе се адаптирам. Од денеска ќе му бидам на располагање на тренерот и брзо ќе бидам подготвен за предизвиците кои се пред нас“, вели Алварез за сајтот на Шкупи.
 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе