ПМФЛ

Шкупи пресилен за Струга, Шкендија победи во Ѓорче Петров

Шкупи сигурно чекори кон трофејот, денеска со 4-0 ја победи екипата на Струга ТЛ, Шкендија со 2-1 славеше на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров.

Фото: ФК Шкупи
Струга Трим Лум пружи отпор, но откако прими гол, играта им се распадна па чаирчани дојдоа до убедлива победа.
 
Резултатот го отвори Адетунџи во 53. минута, тој постигна и уште еден погодок, стрелаа прецизно и Фаустин и Маркоски.
 
Шкендија со 2-1 победи на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров.
 
Гури во првото и Шала во второто полувреме донесоа водство за Шкендија од 2-0, Македонија ЃП преку Камара во финишот успеа само да намали.
 
Во Кавадарци Тиквеш со 2-0 го совлада Работнички, Нгоба и Спахиу ги постигнаа головите.
 
Брегалница во Штип со 2-1 го совлада Борец, Велешани поведоа со гол на Ѓорѓевиќ на самиот старт од мечот, но домаќините преку Ацковски и Алтипармаковски дојдоа до победата.
 
Немаше голови на мечот меѓу Пелистер и Скопје.
 
Вчера Академија Пандев со 2-1 славеше на гостувањето кај Ренова.
 
Табела 15 коло:
 
1. Шкупи 35
2. Академија Пандев 31
3. Шкендија 27
4. Ренова 25
5. Брегалница 25
6. Струга ТЛ 22
7. Македонија ЃП 20
8. Работнички 18
9. Скопје 17
10. Тиквеш 13
11. Борец 8
12. Пелистер 5
 

Легенда под Главна слика

Фото: ФК Шкупи

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе