Бараат најмалку два милиони

Шкупи одбил понуда од 1,5 милиони евра за Адетунџи

Македонскиот шампион, Шкупи одбил понуда од 1,5 милиони евра од хрватски клуб за својот најдобар фудбалер, Сандеј Адетунџи, чаирскиот клуб бара најмалку два милиони.

Фото: ФК Шкупи

Адетунџи имаше фантастична сезона во Шкупи со што го привлече вниманието на многу клубови, а меѓудругите се и турските гиганти Фенербахче и Бешикташ.

Шкупи синоќа одигра пријателска против Фенербахче која заврши 2-2, а двата гола беа дело на Адетунџи со што тој уште еднаш потврди за каков фудбалер станува збор.

Турскиот новинар Јагиз Сабунчуглу тврди дека Шкупи одбил понуда од 1,5 милиони евра за Адетунџи од хрватски клуб, не е познато за кој клуб станува збор.

Друг турски новинар, Керим Бастан го потенцира интересот на Бешикташ и Фенербахче и вели дека Шкупи нема намера да го продаде својот фудбалер за помалку од два милиони евра.

Матеја Кежман кој работи како менаџер и скаут и има клиенти како Сергеј Милинковиќ Савиж, доаѓал трипати во Македонија за да го гледа Адетунџи, Србинот има добра соработка со Фенербахче.

Шкупи за Адетунџи плати само 2,500 евра, тренинг компензација за матичниот клуб, па заработката за продажба на 24-годишниот напаѓач би била огромна за македонски услови.

Шкупи очигледно станува клуб кој знае како да донесе играч за евтини пари и да го продаде скапи. Таков беше Дарбо Дембо кој замина за милион евра, Адетунџи дојде како негова замена, а можеби ќе биде продаден за два милиони.

Легенда под Главна слика

Фото: ФК Шкупи

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе