Лига на шампиони квалификации

Шкупи направи крупен чекор кон Динамо Загреб (ВИДЕО)

Шкупи со 3-0 го совлада тимот на Линколн од Гибралтар во квалификациите од Лигата на шампионите и создаде одлична предност во пресрет на реваншот. 

Македонскиот шампион Шкупи оствари победа каква што само можеше да се посака, има предност од три голови пред реваншот во Гибралтар со што направи крупен чекор кон следното квалификациско коло.
 
Победата беше најавена рано во мечот, во 11. минута Данфа постигна прекрасен гол со шут по земја од далечина за водство на Шкупи од 1-0.
 
Во 29. минута веќе беше 2-0, најдобриот фудбалер на Шкупи, Адетунџи постигна гол и го зголеми водството на македонскиот тим.
 
По десет минути игра во второто полувреме Шкупи остана со фудбалер помалку откако Маргвалашвили заработи втор жолт картон. Но тоа не само што не се покажа како проблем за чаирчани, туку постигнаа и уште еден гол. 
 
Во 62. минута Чиполина си постигна автогол и ги постави конечните 3-0.
 
Реваншот се игра за седум дена, а победникот од двобојот ќе игра против Динамо Загреб во следното квалификациско коло.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе