Раководството на клубот сака подобри резултати

Шкупи му врачи отказ на Ардиан Нухиу

Раководството на Шкупи незадоволно од резултатите во 2018 година му врачи отказ на тренерот Ардиан Нухиу.

Во пролетниот дел од сезоната Шкупи освои шест бода на пет средби, тоа е учинок кое не е задоволително за челниците на клубот, па настрада тренерот Ардиан Нухиу.
 
„Иако донесовме високо квалитетни засилувања, не го добивме тоа што планиравме пред стартот на сезоната, па сметам дека најдобро е да ја раскинеме соработката со нашиот сегашен тренер Нухиу. Неговиот допринос за клубот е неспорен, за што сме му многу благодарени“, изјави сопственикот на Шкупи, Шефшет Демири.
 
Од клубот информираат дека водат преговори со некој тренер чие име ќе остане тајна додека не завршат разговорите.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе