ПМФЛ

Шкупи конечно го победи Вардар, Шкендија со гол во финишот го совлада Пелистер

Шкупи лесно со 2-0 го совлада Вардар, Шкендија со гол во финишот го победи Пелистер со 1-0, Силекс со 3-0 славеше гостински триумф кај Македонија Ѓорче Петров. 

Шкупи на шест меча по ред немаше победа над Вардар, но овој тим на црвено-црните не може да се носи со Чаирчани по денеска тие лесно дојдоа до победата.
 
Региналдо во првото и Глигоров во второто полувреме беа стрелци на головите за Шкупи.
 
Пелстер долго време се држеше во Тетово кај Шкендија, но домаќините погодија во преку Нафиу во 88. минута и дојдоа до трите бода со кои ја одржаа предноста на врвот.
 
Силекс славеше изненадувачка победа од 3-0 на гостувањето кај Македонија ЃП. Тантуровски постигна два гола, еднаш погоди Ивановски.
 
Струга Трим Лум иако долго време играше со фудбалер повеќе, не успеа да ја победи Ренова, мечот заврши без голови 0-0.
 
Борец со гол на Баша во второто полувреме дојде до триумф над Беласица од 1-0.
 
Табела по 23. коло:
 
1. Шкендија 50
2. Шкупи 43
3. Македонија ЃП 38
4. Струга ТЛ 34
5. Работнички 32
6. Борец 32
7. Пелистер 28
8. Вардар 27
9. Силекс 26
10. Академија Пандев 25
11. Ренова 24
12. Беласица 13

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе