ПМФЛ

Шкупи и Шкендија одиграа реми, Силекс шест пати ја тресеше мрежата на Беласица во Струмица

Шкупи водеше со 2-0 против Шкендија, но Дориев го спаси тетовскиот тим и беше најзаслужен што мечот заврши нерешено, Силекс со неверојатни 6-0 ја победи Беласица во Струмица. 

ФК: Шкендија
Шкупи одлично го отвори мечот против Шкендија, Дарбо Дембо постигна гол уште во шестата минута за водство од 1-0, а истиот играч пред крајот на првиот дел зголеми и на 2-0.
 
По 15 минути игра Љупчо Дориев со силен удар го постигна својот деби гол во дресот на Шкендија, а во 66. минута по негова асистенција Ахмеди погоди и ги постави конечните 2-2.
 
Силекс покажа дека неслучајно ќе ја претставува Македонија во квалификациите од Лигата на шампионите, тие денеска ја победија Беласица во Струмица со неверојатни 6-0.
 
Сите шест гола беа постигнати во второто полувреме, Ристов и Ѓуриќ постигнаа по два, по еден погодок дадоа Ивановски и Ѓорѓиев.
 
Македонија Ѓорче Петров со гол на Адем во судиското продолжение го победи Работнички со 2-1.
 
Претходно тимот од Ѓорче Петров поведе со погодок на Божиновски на пет минути пред крајот на првото полувреме, а Тодоровски во 55. минута изедначи на 1-1.
 
Пелистер со убав гол на Анес Хот ја победи Академија Пандев со 1-0.
 
Вчера Вардар загуби од Борец со 1-0.
 

Легенда под Главна слика

ФК: Шкендија

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе