По денешната победа над Борец, на Шкупи ќе му требаат уште две победи за официјално да ја завери шампионската титула.
Сенгор донесе водство за Шкупи, но истиот играч неколку минути подоцна си постигна и автогол. На полувремето немаше победник, резултатот беше 1-1.
Во вториот дел отпорот на велешани го скрши Адетунџу кој го врати водството на Скопје, а Мергавешвили ги постави конечните 3-1.
Шкендија со гол на Хасани имаше водство против Ренова уште од првото полувреме, но пред самиот крај на мечот, во 88. минута Шефити погоди за конечни 1-1.
Со тој резултат заврши и мечот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Брегалница. Гостите водеа со погодок на Ѓокиќ, Емини од пенал изедначи на 1-1.
Струга Трим Лум веќе ги реши дилемите околу опстанокот откако со 1-0 го совлада Скопје. Единствениот гол беше дело на Радиќ.
Академија Пандев со 2-0 беше подобра од Пелистер. Головите ги дадоа Митровски и Велиновски. Тие сега повторно имаат ист број на бодови со Шкендија.
Работнички со гол на Максимов го победи Тиквеш со 1-0.
Резултати 27. коло:
Шкупи - Борец 3:1
Шкендија - Ренова 1:1
Македонија ЃП - Брегалница 1:1
Академија Пандев - Пелистер 2:0
Струга ТЛ - Скопје 1:0
Работнички - Тиквеш 1:0
Табела:
1. Шкупи 65
2. Шкендија 52
3. Академија Пандев 52
4. Македонија ЃП 50
5. Ренова 38
6. Брегалница 38
7. Работнички 37
8. Струга ТЛ 36
9. Скопје 26
10. Тиквеш 24
11. Борец 15
12. Пелистер 10