Серија А

Шкупи е нов шампион на Македонија (ВИДЕО)

Со денешната победа од 2-0 над Ренова, Шкупи на четири кола пред крајот ја завери шампионската титула, во Чаир се слави трофејот по две децении, тогаш клубот под името Слога Југомагнат беше првак на Македонија. 

Шкупи ја победи Ренова, ги освои трите потребни бодови и стана шампион на Македонија. За чаирскиот клуб ова е вкупно четврта титула, прва под ова име.
 
Тимот на Гоце Седлоски оваа сезона беше убедливо најдобар во македонскиот шампионат и само прашање на време беше кога ќе стигне и официјално до заслужениот трофеј.
 
Денеска со два гола во финишот ја победија Ренова, по што славјето можеше да почне. Најпрво Адетунџи со глава во 80. минута даде гол за водство од 1-0, а потоа Да Силва во судиското продолжение ги постави конечните 2-0.
 
 
Во останатите денешни натпревари Шкендија со 3-1 ја совлада Македонија Ѓорче Петров, Струга со 4-0 беше подобра од Пелистер, а Тиквеш со 5-0 го победи Борец.
 
Резултати 29 коло:
 
Шкендија - Македонија ЃП 3:1
Шкупи - Ренова 2:0
Струга ТЛ - Пелистер 4:0
Тиквеш - Борец 5:0
Академија Пандев - Брегалница 2:1
Работнички - Скопје 0:1
 
Табела:
 
1. Шкупи 71
2. Академија Пандев 58
3. Шкендија 56
4. Македонија ЃП 53
5. Брегалница 39
6. Струга ТЛ 39
7. Ренова 38
8. Работнички 37
9. Тиквеш 30
10. Скопје 29
11. Борец 18
12. Пелистер 10

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе