ПМФЛ

Шкендија загуби и во Кратово, реми на Вардар со Борец

Второ коло втор пораз на Шкендија, овој пат шампионот загуби на гостувањето кај Силекс со 1-0, Вардар одигра само 0-0 на гостувањето кај Борец во Велес. 

Шкендија има лош почеток на новата сезона, по поразот од Академија Пандев во првото коло, тетовскиот тим денеска загуби кај Силекс во Кратово.
 
Единствениот гол беше дело на Дурански по три минути игра во второто полувреме. Тој постигна прекрасен гол со удар од преку 20 метри.
 
Борец пред полни трибини го пречека Вардар кој исто така имаше поддршка, навивачката група Комити беше во добар број.
 
Натпреварот заврши без голови 0-0. Последниот период од мечот Вардар го играше со играч повеќе откако Петров во 75. минута заработи втор жолт картон. Скопскиот тим во финишот ги имаше најдобрите шанси, но не успеа да ги искористи и од Велес си оди само со бод.
 
Немаше погодоци ниту на натпреварот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Академија Пандев.
 
Ренова со 2-1 ја победи екипата на Струга Трим Лум. Домаќините поведоа со гол на Селмани во 30. минута. На почетокот од вториот дел Струга изедначи со погодок на Цветановски. Ренова дојде до победа со гол на шест минути до крајот на мечот.
 
Фото: ФК Шкендија
 

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе