ПМФЛ

Шкендија во финишот се спаси од пораз во Струга, без голови во Ѓорче Петров

Нема промени на врвот на табелата по 13. одиграно коло, дуелите меѓу најдобрите четири екипи во досегашниот дел од првенството завршија нерешено, Шкендија се спаси од пораз против Струга ТЛ, а Македонија Ѓорче Петров и Шкупи одиграа без голови. 

Фото: ФК Шкендија
Струга Трим Лум дојде во водство во 12. минута со гол на Александар Ристевски и долго време ја чуваа предноста, но не ја сочуваа до крај. Бесарт Ибраими на десет минути пред крајот изедначи за конечни 1-1.
 
На мечот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Шкупи немаше погодоци, но имаше шанси и на двете страни. Се играше динамично, се чини дека ремито е реален резултат, но не и 0-0. Мрежите можеа да бидат тресени особено во првото полувреме.
 
Најмногу голови имаше во Струмица каде Беласица и Работнички одиграа 2-2. Домаќините поведоа со гол на Размоски во 18. минута, но Работнички со погодоци на Ѓурѓевиќ и Шаркоски го сврте резултатот уште во првото полувреме. Сепак Калоноски даде гол во вториот дел и донесе бод за својот тим.
 
Гостинска победа оствари Силекс кој со 2-1 го победи Пелистер. Мустафов и Ристов погодија за кратовскиот тим, домаќините преку Драгарски успеаа да постигнат само почесен погодок.
 
Ренова со гол на Селмани во судиското продолжение го победи Борец со 1-0.
 
Табела:
1. Шкендија 27
2. Македонија ЃП 26
3. Шкупи 25
4. Струга ТЛ 20
5. Борец 13
6. Вардар 13
7. Силекс 17
8. Работнички 14
9. Пелистер 12
10. Ренова 11
11. Академија Пандев 10
12. Беласица 9

Легенда под Главна слика

Фото: ФК Шкендија

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе