ПМФЛ

Шкендија создава недостижна предност, Вардар тоне кон втората лига

По 25 одиграни кола во домашното првенство, Шкендија има дури десет повеќе од Шкупи, Вардар го загуби дербито со Пелистер и дојде само на бод до местата кои водат директно во втората лига. 

Фото: ФК Шкендија
Вардар не е конкурентен со овој состав, црвено-црните влегоа во серија порази која ги води кон втората лига.
 
Со два гола на Маневски, Пелистер дојде до победа од 2-0 против вечниот ривал во битка многу важна за опстанок. 
 
Вардарци сега имаат само бод повеќе од Силекс на кого му гостуваат во следното коло.
 
Шкендија со 2-1 го победи Силекс и го искористи поразот на Шкупи од Ренова (1-2) за да се одлепи на десет бодови пред Чаирчани.
 
Струга Трим Лум со 3-1 ја совлада Беласица која е веќе испадната, има само теоретски шанси за спас, но не и реални. Работнички со 2-1 го победи Борец.
 
Академија Пандев која со 2-1 ја совлада екипата на Македонија Ѓорче Петров, ќе влезе во битка за местата кои водат во Европа, иако пред доаѓањето на Васоски водеа борба за опстанок.
 
Табела:
 
1. Шкендија 56
2. Шкупи 46
3. Македонија ЃП 41
4. Струга ТЛ 37
5. Работнички 36
6. Борец 33
7. Пелистер 32
8. Академија Пандев 31
9. Ренова 27
10. Вардар 27
11. Силекс 26
12. Беласица 14

Легенда под Главна слика

Фото: ФК Шкендија

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе