Пелистер со гол на Јуфо во 43. минута дојде до изненадувачка предност во Тетово против Шкендија. Но во вториот дел домаќините го надополнија пропуштеното и со голови на Гури и Кривак дојдоа до победата од 2-1.
Шкупи ја зголеми предноста на врвот откако го совлада Скопје на негов терен со 3-1. Фреди Алварез постигна два гола, еден даде Фаустин. Погодокот за домаќините беше автогол на Чешмеџиев.
Академија Пандев одигра само 0-0 на свој терен против Брегалница.
Со ист резултат заврши и дуелот меѓу Струга Трим Лум и Тиквеш.
Борец и Македонија Ѓорче Петров одиграа нерешено 1-1. Ѓорѓевиќ погоди за Борец, Камара за гостите од Скопје.
Вчера Работнички и Ренова одиграа без голови.
Табела 16 коло:
1. Шкупи 38
2. Академија Пандев 32
3. Шкендија 30
4. Ренова 26
5. Брегалница 26
6. Струга ТЛ 23
7. Македонија ЃП 21
8. Работнички 19
9. Скопје 17
10. Тиквеш 14
11. Борец 9
12. Пелстер 5