ПМФЛ

Шкендија со пресврт до трите бода против Академија Пандев

Шкендија тргна со три големи бода во пролетниот дел од сезоната откако победи на гостински терен кај Академија Пандев од 2-1. 

Натпреварот имаше фантастичен почеток за Академија Пандев, со гол на Миловановиќ уште во петтата минута поведоа со 1-0.
 
Во 23. минута Алими го изедначи резултатот на 1-1, а по десет минути игра во второто полувреме Агим Ибраими од пенал реализираше за комплетен пресврт и победа на Шкендија од 2-1.
 
И Работнички имаше победнички старт на пролетниот дел од сезоната откако со 1-0 славеше на гостувањето кај Струга ТЛ. Марковиќ во првото полувреме беше стрелец на единствениот гол.
 
Со истиот резултат Силекс победи на гостински терен кај Ренова, голот беше дело на Мустафов.
 
Шкупи со 2-0 го совлада Борец. Бајрами и Исени беа стрелци на головите во финишот од мечот.
 
Вчера Вардар со 3-1 ја совлада Македонија Ѓорче Петров.
 
Табела по 19. коло:
 
1. Вардар 39
2. Шкендија 31
3. Силекс 30
4. Академија Пандев 27
5. Македонија ЃП 26
6. Шкупи 25
7. Струга ТЛ 24
8. Борец 20
9. Ренова 19
10. Работнички 18
 
Фото: ФК Шкендија

Стариот систем е неодржлив затоа што вродува со богатење на поединци наместо на општеството и граѓаните.

повеќе

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе