ПМФЛ

Шкендија со девет фудбалери го победи Работнички

Шкендија со 4-2 победи на гостувањето кај Работнички, тетовскиот клуб со девет фудбалери го заврши мечот, Академија Пандев одигра 1-1 на гостувањето кај Победа. 

Работнички и Шкендија одиграа интересен меч со шест голови, многу шанси и два црвени картони, и двата за гостите.
 
Работнички поведе уште во седмата минута со гол на Максимов, а Шаља во 23. минута го изедначи резултатот. Со 1-1 се замина на одморот.
 
По три минути игра во вториот дел, поранешниот македонски репрезентативец, Влатко Стојановски постигна гол за комплетен пресврт и водство на Шкендија од 2-1, но Јанакиевски во 66. минута изедначи на 2-2.
 
Две минути подоцна Ферхан Хасани заработи втор жолт картон. Двата жолти ги заработи за симулирање пенали. Шкендија остана со играч помалку. Работнички наместо да го искористи тоа, прими гол. Башким Велија во 73. минута погоди за водство на Шкендија од 3-2.
 
Во 76. минута нов црвен за Шкендија, Мевљан Мурати беше исклучен по старт врз Максимов. Но и со два играчи повеќе Работнички не даде гол, напротив, прими уште еден. Стојановски на пет минути до крајот погоди уште еднаш и ги постави конечните 4-2.
 
Академија Пандев одигра само 1-1 на гостувањето кај Победа. Струмичани поведоа со гол на Велиновски во 59. минута, израмни Рамани на 15 минути до крајот.
 
Ефикасно беше во Штип каде Силекс ја победи Брегалница со 3-2. Масевски, Манасиевски и Ристовски погодија за кратовскиот тим, Ѓорѓиев и Ристевски реализираа за штипјани.
 
Македонија Ѓорче Петров со голови на Самаке и Вучевиќ со 2-0 го победи Скопје.
 
Резултати:

Работнички - Шкендија 2:4
Победа - Академија Пандев 1:1
Брегалница - Силекс 2:3
Македонија ЃП - Скопје 2:0
 
Утре се игра натпреварот меѓу Шкупи и Струга Трим Лум. 
 
Ова коло слободна е екипата на Тиквеш.
 
Табела:
 
1. Струга ТЛ 25 (9)
2. Шкендија 19 (10)
3. Силекс (10)
4. Тиквеш 16 (10)
5. Шкупи 15 (9)
6. Македонија ЃП 12 (10)
7. Брегалница 12 (10)
8. Работнички 11 (10)
9. Академија Пандев 8 (10)
10. Победа 8 (10)
11. Скопје 5 (10)
 

Трендот на заминување на младите од родната земја е загрижувачка појава која се случува во Македонија.

повеќе

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе