ПМФЛ

Шкендија подобра од Работнички, Академија Пандев го победи Борец

Шкендија со 2-0 славеше над Работнички, Академија Пандев со 2-1 го победи Борец на негов терен, Брегалнца со убедливи 3-0 славеше над Пелистер. 

Шкендија ја искористи предноста на домашен терен и релативно лесно дојде до победата над Работнички.
 
Елези во 10. минута погоди за 1-0, конечните 2-0 ги постави Рамадани во 65. минута.
 
Академија Пандев освои важни три бода од гостувањето кај Борец со кои ја продолжи битата за врвот.
 
Пандевци поведоа со гол на Мирчевски во 32. минута, Ѓорѓевиќ во 64. израмни на 1-1, но Шаркоски на три минути пред крајот го врати водството на Академија Пандев и донесе победа од 2-1.
 
Пелистер на свој терен доживеа потоп од Брегалница, загуби со 3-1. Стојанов постигна два гола, еднаш погоди Коцев.
 
Македонија Ѓорче Петров и Струга Трим Лум одиграа нерешено 1-1. Младеновски погоди за домаќините в 68. минута, десетина минути подоцна стружани израмнија преку Цветановски.
 
Скопје со 2-1 славеше над Тиквеш со гол во судиското продолжение. Јашароски беше стрелец на двата гола за Скопје, Коцев погоди за Тиквеш.
 
Вчера Шкупи со 2-1 ја победи Ренова.
 
Табела 11 коло:
 
1. Шкупи 26
2. Ренова 21
3. Академија Пандев 21
4. Брегалница 19
5. Шкендија 17
6. Струга ТЛ 15
7. Работнички 15
8. Скопје 15
9. Македонија ЃП 11
10. Борец 8
11. Тиквеш 6
12. Пелистер 4

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе