Извлечени двојките за новата сезона од ПМФЛ

Шкендија почнува на гостување кај Академија Пандев, Вардар ја пречекува Македонија ЃП

Денеска во просториите на ФФМ беше извршена ждрепката за новата сезона во Првата македонска лига. 

За разлика од претходните пет сезони, овој пат на стартот нема да има дерби дуел меѓу Шкендија и Вардар.
 
Актуелниот шампион Шкендија одбраната на титулата ќе ја почна на гостински терен кај Академија Пандев. Вардар ќе ја пречека Македонија Ѓорче Петров.
 
Дебитантот во Првата лига, Струга Трим Љум ќе го пречека Работнички, а Борец ќе му гостува на Шкупи.
 
Ренова ќе игра го пречека Шкупи.
 
Новата сезона стартува на 11 август и за прв пат ќе се пренесува на Арена Спорт, но мечевите ќе одат и на МТВ.
 
Двојки за првото коло:
 
Ренова - Силекс
Струга Трим Љум - Работнички
Шкупи - Борец
Вардар - Македонија Ѓорче Петров
Академија Пандев - Шкендија

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе