ПМФЛ

Шкендија никако да победи, шампионот загуби од Ренова

Шкендија ја прододлжи лошата форма, овој пат загуби од Ренова со 2-1, Шкупи беше подобар од Македонија Ѓорче Петров со 2-0. 

Ниту тренерската смена не носи подобри резултати за Шкендија, по серијата порази во Европа, тетовскиот тим разочарува и во домашното првенство.
 
Шкендија во првото коло одигра 0-0 кај Тиквеш, а сега како домаќин загуби од Ренова со 2-1.
 
Ренова имаше водство од 2-0 со голови на Јусуфи и Селмани, Шкендија преку Дориев само го ублажи поразот.
 
Шкупи со погодоци на Фаустин и Алварез дојде до триумф од 2-0 над Македонија Ѓорче Петров.
 
Борец во судиското продолжение со гол на Манасиев го победи Тиквеш со 2-1. Претходно велешкиот тим поведе со гол на Ѓорѓиев со 52. мнута, а Вареловски четири минути подоцна изедначи на 1-1.
 
Струга Трим Лум со гол на Скендери во 60. минута го победи Пелистер со 1-0. 
 
Немаше голови на дуелот меѓу Скопје и Брегалница.
 
Дербито меѓу Академија Пандев и Работнички се игра вечерва од 20 часот.
 
Резултати:
 
Борец - Тиквеш 2:1
Скопје - Брегалница 0:0
Шкендија - Ренова 1:2
Шкупи - Македонија 2:0
Струга - Пелистер 1:0

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе