ПМФЛ

Шкендија конечно победи, Шкупи немоќен во Струга

Шкендија конечно заигра шампионски и ја победи екипата на Македонија Ѓорче Петров со 4-0, Струга Трим Лум го совлада Шкупи со 4-2 и изби на првото место на табелата. 

Во четвртото коло Шкендија дојде до првата победа оваа сезона, тетовскиот тим убедливо го совлада тимот на Македонија Ѓорче Петров.
 
Ибраими во 6. минута го отвори натпреварот, а на вториот гол се чекаше дури до 88. минута кога реализираше Дориев, тој постигна гол и во 91. минута, а тоа не беше се, Елези во 93. минута ги постави конечните 4-0.
 
Српскиот интернационалец Милош Босанчиќ блескаше во мечот меѓу Струга Трим Лум и Шкупи, тој со хет-трик им донесе победа на домаќините со која се искачија на врвот и таму ќе бидат неколку часа, до крајот на вечерашниот дуел меѓу Академија Пандев и Ренова.
 
Босанчиќ постигна голови во 6. минута, по што Исмаили изедначи од пенал во 21. минута. Десет минути подоцна Босанчиќ повторно реализираше и го врати водството на Струга ТЛ.
 
Во судиското продолжение од првото полувреме Босанчиќ постигна хет-трик, постигна гол од пенал, кој беше повторен. Токму затоа се случи голема мешаница, гостите жестоко се бунеа иако беше јасно дека голманот Наумовски не ја газеше гол линијата. Исмаили доби црвен картон, Шкупи остана со фудбалер помалку.
 
Во 55. минута Бојку погоди од пенал за 4-1, а конечните 4-2 беа поставени исто така од пенал, овој пат прецизен за Шкупи беше Трпановски.
 
Брегалница во 93. минута повторно се спаси од пораз, Додев погоди во Велес против Борец кој од 67. минута водеше со 1-0 со гол на Трајковски.
 
Работнички со 2-1 го победи Тиквеш. Марио и Лука Станковски ги постигнаа головите за домаќините, Ивановски погоди за Кавадарчани.
 
Скопје со гол на Јашаровски го совлада Пелистер со 1-0.
 
Од 20 часот Академија Пандев ја пречекува екипата на Ренова.
 
Табела по 4 коло:
 
1. Струга ТЛ 8
2. Академија Пандев 7 (-1)
3. Ренова 7 (-1)
4. Шкупи 7
5. Работнички 7
6. Македонија ЃП 6
7. Шкендија 5
8. Скопје 5
9. Брегалница 4
10. Борец 4
11. Тиквеш 1
12. Пелстер 0
 

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе