ПМФЛ

Шкендија ќе почека на шампионска промоција, Седлоски дебитираше со победа за Шкупи (ВИДЕО)

Шкендија во следното коло ќе ја бара заверката на трофејоот, тие денеска убедливо ја совладаа Беласица, но Шкупи со гол на Нето во финишот го победи Борец. 

Фото: ФК Шкупи
Шкендија со победа можеше да ја завери титулата и уште денеска, но Шкупи не требаше да победи во Велес против Борец, сепа тоа се случи.
 
Шкупи со гол на Нето во 79. минута го совлада Борец на негов терен, ова беше и деби на клупата за Гоце Седлоски.
 
Шкендија со два гола на Хебај и еден на Нафиу дојде до триумф од 3-0 кај Беласица во Струмица.
 
Академија Пандев исто така со 3-0 дојде до триумф над Вардар, Александар Васоски го победи својот поранешен клуб.
 
Радески, Крстовски и Стоилов беа стрелци на головите кои беа постигнати во првото полувреме.
 
Струга ТЛ со убедливи 3-0 го победи Пелистер. Скендери, Алтипармаковски и Таири беа стрелци на головите.
 
Најмногу погодоц имаше на скопскиот дуел меѓу Работнички и Македонија ЃП кој заврши без победник 2-2.
 
Сите голови беа постигнати во првиот половина час. Да Силва донесе водство за Македонија, Лука Станковски израмни на 1-1, па Фернандо погоди за ново водство на Македонија ЃШ, но Mариот Станковски набрзо донесе ново израмнување.
 
Вчера Ренова со 2-1 го победи Силекс.
 
Табела по 28. коло:
 
1. Шкендија 65
2. Шкупи 52
3. Македонија ЃП 48
4. Струга ТЛ 44
5. Работнички 41
6. Пелистер 35
7. Академија Пандев 34
8. Борец 33
9. Ренова 31
10. Силекс 29
11. Вардар 28
12. Беласица 17

Легенда под Главна слика

Фото: ФК Шкупи

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе