ПМФЛ

Шкендија киксна против Тиквеш, не победија ниту Ренова и Академија Пандев

Шкендија одигра само 1-1 против Тиквеш на свој терен, немаше голови на мечевите меѓу Струга ТЛ и Академија Пандев, како и Скопје и Ренова. 

Фото: ФК Шкендија
Коло како по желба за Шкупи кој благодарение на денешните резултати сега има седум бода предност на врвот.
 
Шкендија имаше водство со 1-0 од 44 минута со гол на Рамадани, но во финишот од мечот, Мирковиќ погоди за Тиквеш за конечни 1-1.
 
Академија Пандев не успеа да дојде до трите бода во Струга, мечот заврши 0-0, исто како и дуелот на Ренова против Скопје.
 
Работничк со 1-0 славеше гостинска победа кај Борец, голот го постигна Тодоровски во 63. минута.
 
Гостинска победа забележа и Македонија Ѓорче Петров која со 2-0 беше подобра од Пелистер. Емини и Филиповски беа стрелци на головите.
 
Вчера Шкупи со 5-0 ја совлада Брегалница.
 
Табела по 12. коло:
 
1. Шкупи 29
2. Ренова 22
3. Академија Пандев 22
4. Брегалница 19
5. Шкендија 18
6. Работнички 18
7. Струга ТЛ 16
8. Скопје 16
9. Македонија ЃП 14
10. Борец 8
11. Тиквеш 7
12. Пелистер 4

Легенда под Главна слика

Фото: ФК Шкендија

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе