ПМФЛ

Шкендија ја наполни мрежата на Македонија ЃП

Во дербито на колото кое се играше во Тетово, Шкендија со убедливи 5-0 ја победи Македонија Ѓорче Петров и се одлепи на врвот, Шкупи со 3-1 ја победи Беласица и се врати на второто место на табелата. 

Фото: ФК Шкендија
Дуелот меѓу Шкендија и Македонија ЃП беше дерби меѓу првиот и вториот на табелата, Ѓорчепетровци со победа можеа да го преземат првото место, но наместо тоа во Скопје се враќаат со полна мрежа.
 
Елези во 11. минута го отвори натпреварот, а до крајот на првиот дел погодија и Дориев и Ибраими, на одморот се отиде со предност за Шкендија од 3-0, резултат кој веќе го даваше името на победникот. Во финишот и мечот погодија и Нафиу и Тотре за конечни 5-0.
 
По три нерешени во низа, Шкупи конечно победи, чаирчани ја совладаа Беласица со 3-1. Дарбо Дембо со два гола беше клучниот во победата, еден постигна Алварез, за Струмичани погоди Ивановски.
 
Силекс со гол на Ристов во 51. минута го совлада Вардар со 1-0.
 
Со истиот резултат Работнички беше подобар од Пелиситер. Ѓурѓевиќ од пенал пред крајот на првиот дел го постигна единствениот гол.
 
Еден гол беше доволен и на Ренова за три бода, тие победија во Струмица кај Академија Пандев, Шефити во финишот од мечот постигна гол.
 
Струга Трим Лум имаше водство во Велес кај Борец со гол на Јахја, но домаќините го свртеа мечот и победија со 2-1, со головите на Прелчец и Трајков.
 
Резултати 14. коло:
 
Шкендија - Македонија ЃП 5-0
Шкупи - Беласица 3-1
Работнички - Пелистер 1-0
Силекс - Вардар 1-0
Академија Пандев - Ренова 0-1
Борец - Струга ТЛ 2-1
 
Табела:
 
1. Шкендија 30
2. Шкупи 28
3. Македонија ЃП 26
4. Борец 22
5. Струга ТЛ 20
6. Силекс 20
7. Вардар 19
8. Работнички 17
9. Ренова 14
10. Пелистер 12
11. Академија Пандев 10
12. Беласица 9

Легенда под Главна слика

Фото: ФК Шкендија

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе