ПМФЛ

Шкендија го крена трофејот, Беласица испадна во втората лига

Шкендија со 4-1 ја совлада екипата на Академија Пандев а потоа ја прослави шампионската титула, Беласица на коло пред крајот испадна во втората лига. 

Сите дилеми околу опстанокот се решени пред да биде одиграно последното коло. Беласица и се приклучи на Победа во втората лига откако денеска на свој терен загуби од Работнички со 1-0.
 
Победата на Работнички ја донесе Ацковски со гол во 38. минута. Беласица не ги искористи своите шанси и следната сезона ќе настапува во понизок ранг.
 
Тие во последното коло играат против Силекс во Кратово и со победа ќе се изедначат бодовно, но Беласица има послаб меѓусебен дуел па не може да се спаси.
 
Силекс со 2-0 загуби на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров. Головите ги постигнаа Тантуровски и Кировски во првото полувреме. Силекс ќе треба да игра бараж со третиот од втората лига преку кој треба да го потврди опстанокот.
 
Шкендија со убедливи 4-1 го совлада тимот на Академија Пандев во меч во кој резултатот беше неважен. Зејнулаи даде два гола, по еден постигнаа Тотре и Жуниор за Шкендија, Иванов погоди за Пандевци. 
 
Шкендија по натпреварот го доби шампионскиот трофеј кој го освои претходно.
 
Вардар со убедливи 6-0 ја совлада Победа. Попзлатанов постигна хет-трик, по еднаш во листата на стрелците се запишаа Мицевски, Колевски и Фелипе.
 
Шкупи и Ренова одиграа нерешено 2-2. Сержињо и Устабаши ги дадоа головите за Чаирчани, Рамадани погоди два пати за Ранова.
 
Табела:
 
1. Шкендија 79
2. Вардар 63
3. Академија Пандев 57
4. Работнички 46
5. Шкупи 45
6. Македонија ЃП 44
7. Ренова 44
8. Силекс 41
9. Беласица 38
10. Победа 23

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе