Конференциска лига квалификации

Шкендија брка победа против АИК за останување во Европа

Шкендија вечерва го игра реванш квалификацискиот меч од Конференциската лига против тимот на АИК, натпреварот во Стокхолм заврши нерешено, 1-1. 

Шкендија од Шведска се врати со одличен резултат, нерешени 1-1 кај противникот кој важеше за фаворит.
 
Сега тетовскиот тим пред својата публика на Арената „Тодор Проески“ ќе брка победа која ќе ја однесе во плејофот за пласман во групната фаза од Конференциската лига.
 
Веќе го нема правилото гол во гости, па во Скопје кој ќе победи, тој ќе оди понатаму, ако е нерешено, пеналите ќе го одлучуваат патникот во следното коло.
 
„Очекувам поразличен меч затоа што мора да има победник. Нерешениот резултат од Шведска не ни значи ништо, во глава ни е само победа, па дури и да биде на пенали. Го познавам ривалот и сметам дека може да избориме место во плејофот“, изјави Шаќири.
 
Натпреварот се игра со почеток од 20 часот. Ако Шкендија го помине АИК, во плејофот ќе игра со поразениот од дуелот во Лига Европа меѓу Словачко и Фенербахче. Турскиот тим има предност од 3-0 по првиот меч, па веќе е извесно дека чешкиот тим би бил противникот.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе