ФК Вардар

Шилегов го презентираше новиот сопственик на ФК Вардар, кој ќе ги врати сите долгови на клубот

Денеска во просториите на Град Скопје, градоначалникот Петре Шилегов и сопственикот на компанијата „Блу Скај инвестмент“ одржаа прес конференција по повод преземањето на фудбалскиот клуб Вардар. 

Сергеј Самсоненко е минато, „Блу Скај инвестмен“ е нов сопственик на Вардар, по тој повод денеска во просториите на Град Скопје беше одржана прес-конференција.
 
„На мое огромно задоволство, можам и официјално да соопштам дека успешно заврши посредувањето на Градот Скопје со стариот и новиот инвеститор и сопственик на ФК Вардар, со што всушност успеваме да обезбедиме извесна иднина за ФК Вардар, како една од најголемите спортски институции во нашава земја. Станува збор за фирмата Блу Скај инвесмент која е согласна во целост да го преземе постојниот договор со сите услови што Град Скопје го има склучено со поранешниот  сопственик“, изјави градоначалникот Петре Шилегов.
 
Новиот сопственик ќе ги врати сите долгови кон играчите и компаниите кои беа направени од претходниот газда.
 
„Сите долгови кои се настанати во меѓувреме, кон сите коминтенти и играчи, во наредниот период ќе бидат во целост подмирени од новиот инвеститор, што е дел од новиот договор. Во наредниот период  јас со гордост ќе можам да побарам од Советот на Град Скопје, на следната седница, која планираме да се одржи во втората половина на месец август, овој договор да биде одобрен, како од надлежен орган кој ја има донесено и претходната одлука за продажба на акциите на ФК Вардар“, додаде Шилегов.
 

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе