ЕВРО 2020

Шевченко демантира дека има лоша атмосфера во соблекувалната на Украина

Се појавија шпекулации дека играчите на Украина, Марлос и Јармоленко влегле во конфликт по натпреварот против Холандија, но Шевченко ги негира ваквите гласини.

Селекторот на Украина тврди дека атмосферата во нивната репрезентација е на највиско ниво во пресрет на дуелот со Македонија.

„Тие шпекулации се неосновани и злонамерни. Атмосферата е прекрасна, извонредна. Не знам од каде доаѓаат тие гласини, но украинскиот тим е отворен за сите, кој сака може да дојде и да види, и јас ги молам сите да го направат тоа и да се уверат. Вратите ни се отворени на подготовките, нема што да криеме, секојдневно даваме изјави... Смешно ми е кога ќе видам такви информации. Ќе повторам, во тимот има многу добра атмосфера и разбирање, момците дадваат и ќе даваат се од себе за да ја оствариме целта“, изјави селекторот Шевченко.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе