Алармите се вклучени по двата порази на последните три меча

Шестмина фудбалери на Јувентус добиле опомена од Ањели, мора веднаш да ја подигнат формата

Двата порази на последните три меча ги вклучија алармите во Јувентус, претседателот Андреа Ањели имаше средба со Маурицио Сари а се појавил и во тренинг центарот за да опомене неколку играчи.

„Старата дама“ долги години доминира во Калчото, но оваа сезона работите не одат според планот. Во моментов, Јувентус има ист број на бодови со Интер на врвот на табелата, а Лацио се наоѓа на само минус еден.

Двата порази на последните три меча ги вклучија аламрите, претседателот Андреа Ањели по загубениот меч од Верона имаше средба со тренерот Маурицио Сари.

Се говори дека тој потоа се сретнал со директорите Павел Недвед и Фабио Паратичи за да добие подобра слика за случувањата. Шпекулациите велат дека Андреа Ањели исто така се појавил и во тренинг центарот за да опомене неколку играчи.

Дури шестмина биле прекорени за слабите изданија и под итно мора да ја подигнат формата. Станува збор за Миралем Пјаниќ, Блес Матуиди, Федерико Бернардески, Даглас Коста, Алекс Сандро и Гонзало Игуаин.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе