Квалификации за ЕП 2020

Шест репрезентации веќе обезбедија пласман на Европското првенство

Завршија октомвриските квалификациски натпревари за Европското првенство по кои шест репрезентација обезбедија пласман на Европското првенство. 

Иако има натпревари и во ноември, шест репрезентации веќе го чекираа билетот за континенталниот собир.
 
Синоќа Италија по тримуфот од 5-0 на гостувањето кај Лихтенштајн си обезбеди место на Европското првенство.
 
Во групата И се е решено, таму и Русија и Белгија си ја завршија работата и се пласираа ЕП.
 
Од нашата група Полска по победата над Македонија се радуваше на ново учество на големо натпреварување иако има уште два меча за играње.
 
Европско првенство обезбедија и Украина и Шпанија.
 
Следниот месец завршуваат квалификациите тогаш ќе бидат познати најголемиот број од учесниците, а бројката ќе биде комплетирана по завршниците од Лигата на нации од кои и Македонија се надева дека ќе избори историски пласман на Европско првенство.
 
Потенцијалната група ќе ја дознаеме уште кон крајот на следниот месец бидејќи ждрепката е на 30 ноември во Букурешт.
 
Европското првенство ќе се одржи низ 12 града во Европа од 12 јуни до 12 јули следната година.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе