Клубовите ги откажаа денешните тренинзи

Шест позитивни случаи на коронавирус во Шкендија и Ренова

Од синдикатот на фудбалери информираат дека има позитивни случаи на коронавирус во ПМФЛ, четворица фудбалери на Ренова и двајца на Шкендија се заразени со Ковид 19.

Како дел од протоколот за враќање на тренинзи, клубовите од Македонија изминативе денови почнаа да ги тестираат своите играчи на коронавирус. Од синдикатот на фудбалери денеска открија дека досегашните тестови покажале шест позитивни случаи.

Во редовите на Ренова има дури четворица заразени со Ковид 19, додека пак во Шкендија има двајца фудбалери.

По оваа информација, денешните тренинзи се откажуваат. Клубовите сега чекаат насоки од ФФМ и Институтот за здравје за тоа кој се ќе треба да оди во изолација.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе