Сестринските клубови договорија нов трансфер

Шешко ги разочара гигантите и стана 19-тиот фудбалер кој го замени РБ Салцбург со РБ Лајпциг

РБ Лајпциг го потврди трансферот на Бенјамин Шешко, талентираниот фудбалер од Словенија ќе остане уште една сезона во РБ Салцбург и следното лето ќе се пресели во Бундеслигата.

РБ Лајпциг ги победи гигантите ширум Европа и стигна до потписот на перспективниот Бенјамин Шешко.

Утрово официјално беше потврдено дека талентираниот фудбалер од Словенија од 1. јули 2023 година ќе биде нов играч на „биковите“ и ќе се обврзе на соработка до 2028 година.

Пред две недели, се шпекулираше дека Манчестер јунајтед го идентификувал Бенџамин Шешко како наследник на Кристијано Роналдо, се пишуваше дека ќе бидат потребни најмалку 50 милиони евра за трансфер.

Детали од зделката помеѓу РБ Салцбург и РБ Лајпциг не се откриваат но медиумите известуваат дека сестринскиот клуб добил голем попуст и го ангажирал Бенјамин Шешко за само 24 милиони евра.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе