Лига на шампиони

Шериф не можеше до ново чудо, Интер ја забележа првата победа (ВИДЕО)

Интер се радува на првата победа во Лигата на шампионите оваа сезона, „нероаѕурите" пред своите фанови со 3-1 го победија Шериф, Реал Мадрид со убедливи 0-5 триумфираше на гостувањето кај Динамо Киев.

Шериф не можеше до ново чудо, по триумфот над Шахтар и Реал Мадрид, клубот од Молдавија вечерва загуби на „Џузепе Меаца“. На Интер очајно му требаа три бода и избраниците на Инѕаги ја остварија целта.

Откако пропуштија неколку добри шанси, Џеко го отвори резултатот во 34. минута. По еден корнер, Видал ја префрли топката на втората статива каде Босанецот закачи волеј за 1-0.

Гостите сепак покажаа дека не треба да бидат потценети, на стартот од вториот дел, Тил постигна голчиште од слободен удар за 1-1.

Но Интер брзо се врати во предност, Џеко ја врати услугата и му асистираше на Видал за 2-1. Десет минути подоцна, Де Врај ги постави конечните 3-1 и ја осигура победата.

На вториот натпревар од групата, Реал Мадрид со 0-5 славеше против Динамо Киев. Кривцов во 37. минута си постигна автогол, а потоа во продолжението од мечот, Винисиус Жуниор за пет минути постигна два гола. Родриго зголеми на 0-4, а финалниот резултат беше дело на Бензема во последните мигови од мечот.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе