Откриени детали од големата трансфер сага ова лето

Шеиците се навредиле од потегот на Нејмар, па за да го продадат побарале високи 300 милиони евра

Ле Парисиен пренесува дека сопствениците на ПСЖ од Катар биле навредени од одлуката на Нејмар да замине по само две години, па за да го продадат побарале високи 300 милиони евра.

Нејмар ова лето изрази желба да го напушти Париз и да се врати на Камп Ноу. Со месеци се шпекулираше за неговата иднина, но тој сепак ќе остане на Паркот на Принцовите откако Барселона не достави понуда која ги задоволи барањата на ПСЖ.

Весникот Ле Парисиен сега открива повеќе детали и пренесе разговор помеѓу првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи и капитените на „светците“.

„Газдите на ПСЖ во Катар беа прилично навредени“ – рекол претседателот за потегот на Нејмар кога во јуни месец го извесил Леонардо дека сака да замине од ПСЖ.

Емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани иако бил незадоволен од настанатата ситуација, се сложил да го продаде Нејмар но само за повеќе пари од сумата од 222 милиони евра која тие ја платија во 2017.

„Нејмар може да замине, но само доколку понудата е огромна: 300 милиони евра“ – била пораката од Ал Келаифи до „тешкашите“ во соблекувалната.

Весникот потоа опишува како се одвивале преговорите и за првата средба во Париз на 13. август вели дека „Барса дојде со празни раце“ и го понудила Филипе Кутињо и мала сума на пари.

Како одминувало времетво се повеќе и повеќе се добивало впечатокот дека трансферот е невозможен.

„ПСЖ знаеше дека Барса нема доволно пари за комплетирање на зделката. Цената која ја поставија не можеше да си ја дозволи ниту еден клуб. Ова беше трансфер што не можеше да се реализира“ – додава Ле Парисиен.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе