Моментот кога се расипале односите помеѓу Тухел и напаѓачот

Шегата со Конте која воопшто не му се допаднала на Лукаку: Ене го татко ти

Медиумите од Англија пренесуваат дека односите помеѓу Томас Тухел и Ромелу Лукаку се расипале поради една шега на тренерот поврзана со Антонио Конте.

Ромелу Лукаку синоќа официјалн се врати во Интер на позајмица, само 12 месеци откако беше продаден на Челси во зделка вредна 115 милиони евра.

Втората авантура на напаѓачот на Стемфорд Бриџ практично заврши во декември минатата година, кога Ромелу Лукаку даде контроверзно интервју за медиумите од Италија, рече дека не е среќен во Лондон и изрази желба да се врати во Интер.

Медиумите од Англија сега пишуваат за тоа каде работите тргнале на лошо и како пукнала тиквата помеѓу Ромелу Лукаку и Томас Тухел.

Наводно, додека двајцата гледале натправар на Тотнем, тренерот на шега покажал кон Антонио Конте и му рекол на напаѓачот: „Ене го татко ти“.

Шегата воопшто не му се допаднала на Ромелу Лукаку, и односите помеѓу двајцата се расипале до тој степен, што повеќе не можеле да се поправат.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе