Премиерлига

Шефилд јунајтед само го налути Челси, „сините“ славеа со убедливи 4-1 (ВИДЕО)

„Сините" скокнаа на третата позиција на табелата откако со 4-1 го совладаа Шефилд јунајтед, гостите поведоа на „Стемфорд Бриџ" но домаќините на крилјата на Зијеш брзо го свртеа резултатот во своја корист.

Избраниците на Лампард наредија четири победи во низа во период од десетина дена, вечерва, „сините“ со 4-1 славеа против Шефилд јунајтед.

Гостите добро го започнаа мечот, поведоа со голот на МекГолдрик, но Челси брзо го сврте резултатот во своја корист. Абрахам изеднчи на 1-1 а Зијеш во 34. минута му асистираше на Чилвел за 2-1.

Во продолжението од мечот, Зијеш од прекин нафрли а Силва со глава го постигна својот прв гол во дресот на Челси за 3-1. 180 секунди подоцна, една лошо избиена топка стигна до Вернер и Германецот рутински реализираше за 4-1.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе