ЦР7 сметал дека не заслужил исклучување на Местаља

Шчесни открива: За црвениот против Валенсија, Роналдо на сите ни купи ај-мек... ама прво „плачеше“ два месеци

Војчех Шчесни откри дека Кристијано Роналдо на сите фудбалери на Јувентус им купул ај-Мек компјутер поради црвениот картон заработен против Валенсија во 2018, ама прво плачел два месеци дека не направил ништо погрешно.

Португалецот имаше деби за заборав во Лигата на шампиони во дресот на Јувентус, на дуелот со Валенсија доби директен црвен по само половина час игра. Исклучувањето веројатно беше престрого, но и покрај тоа, Кристијано Роналдо морал да ги почитува клупските правила и во знак на извинување, да ги почести соиграчите со нешто.

Војчех Шчесни откри дека сите добиле компјутер ај-мек, но морале да чекаат два месеци, бидејќи Кристијано Роналдо долго време плачел дека не направил ништо погрешно.

„Алегри имаше едно правило, оној кој ќе заработи исклучување, ќе мора да им купи нешто на соиграчите. Кога Кристијано Роналдо поцрвене против Валенсија, сите добивме ај-мек компјутер. Но ги чекавме речиси два месеци, тој постојано велеше дека не направил ништо погрешно...“ – открива голманот на Јувентус.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе