Клоп продолжува да ги склопува коцките

Шаќири за 13 милиони фунти стана трето засилување за Ливерпул ова лето

Ново име на Енфилд, „Црвените" го донесоа Џердан Шаќири од Стоук за 13 милиони фунти, Швајцарецот стави потпис на долгогодишен договор

По трансферите на Кеита и Фабињо, Ливерпул вечерва комплетираше уште една зделка. Џердан Шаќири за 13 милиони фунти стана третото засилување за Јирген Клоп ова лето.

„Ливерпул го комплетираше трансферот на Џердан Шаќири од Стоук. Репрезентативецот на Швајцарија стави потпис на долгогодишен договор откако ги помина медицинските прегледи“ – гласеше соопштението.

За новата авантура, поранешниот играч на Интер и Баерн рече: „Многу сум среќен, ова е огромен клуб со голема историја, големи играчи и фантастичен тренер. Мило ми е што станав дел од Ливерпул“.

„Како играч секогаш сакате да настапувате на најголемата сцена. Сакав да дојдам тука и пред неколку години, но зделката не се случи. Па среќен сум што конечно пристигнав. Сакам да продолжам да бележам прогрес, да играм покрај најдобрите и да освојувам титули. Токму затоа пристигнав тука“.

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе

На Грците не им е важно дали вечно ќе ја нарекуваат соседната земја „Скопје“, или дали соседите утре сами ќе почнат да се нарекуваат „Република на Осамениот Бор“. Она што ним навистина им е важно е како ја нарекува остатокот од светот.

повеќе