Конференциска лига квалификации

Шаќири: Секој сака да гледа убав фудбал, но утре Шкендија ќе игра на резултат

Шкендија утре со почеток од 17 часот гостува во Летонија кај тимот на Валмеира во рамките од второто коло во квалификациите за Конференциската лига.

Шкендија одигра одлично против ерменскиот тим Арарат во првото квалификациско коло, го помина противникот со вкупни 4-2, а сега се наоѓа пред нов предизвик.

„Нов меч за нас, многу важен против противник кој ни е непознат, но го анализиравме. Ние ќе дадеме сѐ за да го дадеме максимумот и да дојдеме до позитивен резултат. Шкендија ќе оди на резултат, иако секој сака да гледа убав меч. Некои фудбалери и јас на клупата сме нови во однос на ланските европски мечеви и сега анализираме и гледаме да ги исправиме тие лански грешки“, вели Шаќири.

Капитенот на Шкендија, Ферхан Хасани се надева дека ќе ја прикажат играта која ја демонстрираа против Арарат.

„Овој меч ќе биде различен во однос на првото коло, но ние ако успееме да ја повториме убедливата игра која ја прикажавме против Арарат, каде тотално доминиравме против противникот, мислам дека може да ни донесе добар и позитивен исход. Во прилог ни оди и тоа што реваншот е во Скопје, па пред нашите навивачи ќе бркаме следна фаза. Мотивирани сме и верувам дека со максимално залагање ќе дојдеме до целта“, изјави Хасани.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе