Ливерпул

Шаќири: Подобро што не отидов во Белград

Фудбалерот на Ливерпул, Џердан Шаќири вели дека подобро што останал дома, бидејќи атмосферата во Белград била навистина жешка.

Ливерпул одлучи да го остави Шаќири дома, да не го понесе во Белград на гостувањето кај Црвена звезда бидејќи ќе беше мета на српските навивачи.
 
За време на светското првенство во Русија, Шаќири како репрезентативец на Швајцарија и даде гол на Србија и го прослави со албанскиот симбол, двоглав орел, а тоа ги збесна српските навивачи.
 
Со цел да се избегнат било какви инциденти, англискиот клуб одлучи да не го носи Шаќири во Белград.
 
„Имаше многу жешка атмосфера таму и подобро е што останав дома и што се фокусираме само на фудбалот“, изјави Шаќири.
 
Ливерпул загуби со 2-0 на гостувањето од Црвена звезда.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе