Лига Европа

Шахтар лесно се справи со Базел и закажа дуел со Интер, Севиља преку Волвс до пресметка со Јунајтед (ВИДЕО)

Шахтар се пласираше во полуфинале од Лига Европа откако со 4-1 славеше против Базел, Севиља се најде помеѓу четирите најдобри откако во финишот од мечот го совлада Вулверхемптон со 1-0.

Познати се паровите од полуфиналето во Лига Европа, Интер ќе се сретне со Шахтар а Манчестер јунајтед ќе игра против Севиља.

Вечерва, „рударите“ со убедливи 4-1 триумфираа над Базел. Резултатот беше отворен веќе во 2. минута, по еден корнер, Мораеш погоди за 1-0.

Дваесет минути подоцна, Таисон донесе 2-0. Бразилецот шутна од врвот на шеснаесетникот, топката закачи еден дефанзивец на Базел и заврши во мрежата.

Клубот од Швајцарија во продолжението од мечот се отвори, нападна, па тоа остави простор за брзите играчи на Шахтар. Таисон во 75. минута изнуди пенал кој Алан Патрик го реализираше за 3-0 а во финишот од мечот, Додо реализираше за 4-0. Во судиското надополнување, Ван Волфсвинкел постигнал почесен гол за Базел за конечни 4-1.

Во Дуизбург, Севиља ја доби пресметката со Вулверхемптон и спречти „волците“ по петти пат да играат против Манчестер јунајтед оваа сезона. 

Волвс имаше прилика да поведе во 13. минута откако Траоре претрча како брз воз и беше соборен во шеснаесетникот, но Раул Хименез промаши од белата точка. 

Казната за ова стигна во 88. минута, по едно нафрлување на Банега, Окампос со глава ја затресе мрежата за 1-0 и огромна радост на Севиља.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе