Лига Европа

Шахтар и Копенхаген ќе играат на завршниот турнир во Лига Европа (ВИДЕО)

Шахтар со неверојатен финиш го победи Волфсбург со 3-0 и со вкупни 5-1 оди меѓу осумте најдобри во Лига Европа, со идентичен резултат славеше и ФК Копенхаген над Башакшехир. 

Шахтар победи и во Германија, со 2-1, вечерва се наговестуваше дека ќе нема голови во Украина, но не само што имаше, беа дадени три погодоци иако до 89. минута беше 0-0.
 
Се случи четири минутен бум на домаќините, од 89. до 93. минута дадоа три гола, два пати погоди Мораеш, еднаш Соломон.
 
Башакшехир со прдност од 1-0 отпатува во Копенхаген, но не успеа да ја сочува. Домаќините поведоа преку Винд уште во четвртата минута, а истиот фудбалер даде гол и во 52. за 2-0. Конечните 3-0 ги постави Фалк во 62. минута.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе