СЕХА лига

Сезоната во СЕХА лига почна со изненадување, Војводина го надигра Нексе

Почна новата сезона во СЕХА лигата, овој пат во нов формат, а на стартот во српско-хрватскиот дуел Војводина со 29:23 го победи Нексе.

Војводина имаше фантастично отварање на новата сезона во СЕХА лигата откако не само што го победија, туку и го надиграа тимот на Нексе.
 
Тимот од Нови Сад имаше предност уште од самиот старт, а на полувремето заминаа со предност од 13:11. Во вториот дел беа уште подобри и на крајот славеа убедливо со 29:23.
 
Најефикасни во составот на Војводина беа Овчина и Николиќ со по пет голови, Прибак постигна четири. За Нексе Думенчиќ постигна четири.
 
Утре Вардар го пречекува Пекинг Спорт Јуниверзити, а во среда Еурофарм Работник е домаќин на Спартак Москва.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе