Суперкуп на Европа

Севиља во финишот пропушти шанса за изненадување, Баерн се помачи за трофејот од Суперкупот (ВИДЕО)

Баерн Минхен го освои Суперкупот на Европа, избраниците на Ханси Флик по прдолженија ја совладаа Севиља со 2-1, „андалузијците" има за што да жалат откако во финишот од регуларниот дел промашија зицер.

Во пресметката на шампионите од Лигата на шампиони и Лига Европа, Баерн Минхен славеше против Севиља во Будимпешта. Избраниците на Ханси Флик важеа за големи фаворити, но се намачија за трофејот од Суперкупот на Европа.

Севиља поведе во 13. минута, Окампос од пенал погоди за 0-1. Но дваесетина минути подоцна, Баерн изедначи. Левандовски спушти за Горецека а Германецот прецизно биеше за 1-1.

„Баварците“ доминираа во второто полувреме, но Севиља имаше прилика да приреди големо изненадување. Една лоша интервенција на Алаба отвори контра, Ен Несири се најде осамен пред Нојер, но лошо биеше и му даде прилика на голманот да одбрани.

Во продолжението, Ен Несири ја погоди рамката од голот, па казната за овие промашување пристигна во 104. минута. Мартинез се најде на право место и одбиената топка по шутатот на Алаба ја смести во мрежата за 2-1.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе