Барселона

Сетиен објасни зошто Гризман влезе дури во 90. минута и порача: Нема да му се извинам

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен, вели дека ќе зборува со Антоан Гризман, но нема да му се извини поради тоа што во игра го внесе дури во 90. минута. 

Сетиен се чини дека само си ги наталожува проблемите и си ја комплицира ситуацијата. Игрите и резултатите не се како што посакуваат фановите, а тој наместо да ги решава проблемите, си создава нови.
 
На вчерашниот меч против Атлетико Мадрид кој заврши 2-2, реши Гризман да го внесе во игра дури во 90. минута од натпреварот, што според многумина е потценувачки за така важен играч. Но Сетиен нема намера да му се извинува на Французинот.
 
„Не го внесов порано затоа што оние кои беа на теренот играа добро. Не се согласувам дека е понижувачки тоа што го направив. Знам дека е тешко за фудбалер како него кога ќе добие толку малку минути. Ќе зборувам со него, но нема да му се извинам. Разбирам ако се почувствувал лошо“, вели Сетиен.
 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе