Нема крај на проблемите

Сериозни обвинувања, градежните работници на новиот стадион на Тотнем се пијанчеле и шмркале кокаин!

Анонимен извор открива дека дел од граде\ните работници кои работат на новиот стадион на Тотнем наутро пиеле пиво а знаеле и во текот на денот да шмркаат кокаин во тоалетите

Изградбата на новиот стадион на „Спарси“ не оди според планот. Трошоците нараснаа драстично и можно е да стигнат и до границата од 1 милјарди фунти, а се помести и датумот кога тој требаше да биде пуштен во употреба.

Ливерпул минатото коло требаше да гостува во новиот дом на Тотнем, но се уште не е јасно кога ќе биде одигран првиот натпревар.

Како овие проблеми да не беа доволни, па анонимен извор сега изнесе сериозни обвинувања, и открива дека дел од работниците се пијанчеле и користеле дрога.

„Свиркачот“ вели дека од поодамна не видел ваков градежен сајт каде работниците наутро се со лименки пиво во рацете, а знаеле и во текот на денот да шмркаат кокаин во тоалетите.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе