Пофалба за македонскиот фудбалер

Серија А за Горан Пандев: Различни дресови, но секогаш голови и асистенции (ФОТО)

Серија А на социјалните мрежи денеска му посвети пост на Горан Пандев. 

Горан Пандев е на само два гола до јубилејниот 100. погодок во Серија А. Со исклучок на авантурата во Галатасарај, Македонецот целата кариера откако ја напушти Македонија, ја помина во италијанаската лига.
 
Досега го носеше дресот на Лацио, Интер, Наполи и Џенова, а на почетокот од играше и на позајмица во Специја и Анкона. Има постигнато 98 голови во Серија А и 55 асистенции.
 
Серија А денеска објави пост од четири фотографии од Горан Пандев, од Лацио, Интер, Наполи и Џенова и напиша: „Различни дресови, но секогаш голови и асистенции“.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе