Мерка неколку фудбалери од Калчото

Серија А се тресе, Конте ќе добие 150 милиони фунти за засилувања

Медиумите од Англија пренесуваат дека Антонио Конте ќе има на располагање трансфер буџет од околу 150 милиони фунти, се говори дека на списокот со желби се играчи како Влаховиќ, Кеси, Брозовиќ, Де Врај, Шкрињар, Бастони и уште неколку играчи од Серија А.

Антонио Конте во брзо време треба да стави потпис на договорот со Тотнем, се говори за соработка до 2023 година. Според Сан, стратегот ќе има плата од 15 милиони фунти годишно, додека пак Дејли Мејл и Телеграф пишуваат за примања од околу 13 милиони фунти по сезона, односно договор тежок 20 милиони фунти до јуни 2023 година.

Сан исто така пренесува дека Антонио Конте на располагање ќе има околу 150 милиони фунти за засилување на тимот, и на листата со желби се неколку имиња од Серија А.

Душан Влаховиќ од Фиорентина е на врвот, кој откако одби да потпише нов договор со Фиорентина, е на радарот на многу екипи. Неодамна, Џо Бароне и Даниеле Праде беа во Лондон на средба со своите колеги од Тотнем, останува да се види дали „спарси“ се подготвени да платат 60-70 милиони евра, колку што бараат „виолетовите“.

Како нови имиња во средниот ред се идентификувани Марсело Брозовиќ и Франк Кеси, двајцата ги одработуваат последните месеци од договорите со Интер односно Милан, и можат да бидат купени на попуст во јануари.

Што се однесува до одбраната, целата дефанзива на Интер е по мерак на Антонио Конте и се говори за ангажман на еден од Милан Шкрињар, Стефан де Врај и Алесандро Бастони.

Одредени извори пак пишуваат дека на списокот се наоѓа и двоецот на Јувентус, Федерико Киеза и Матајс де Лихт, па останува да се види што Тотнем ќе може да одработи на трансфер пазарот.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе